Foursquare Swarm беџот е отклучен! :)

Денес, од 13:00 до 16:00 часот 365.com.mk организираше колективно отклучување на Foursquare Swarm беџот во ТЦ Рамстор. На големо задоволство на многумина, значката беше отклучена а со неа и поволностите кои таа ги нудеше за 4sq посетителите на Рамстор.

Рамстор Swarm
Им честитаме на сите што денес беа во ТЦ Рамстор и ја добија! 🙂 Еве како изгледаше денешниот Foursquare Swarm низ бројки:

Чекирања пред Swarm собирот

Рамстор Swarm

Чекирања после Swarm собирот

Рамстор Swarm
Според овие бројки, за време на Swarm собирот од 13:00 до 16:00 часот во ТЦ Рамстор се чекирале 98 нови Foursquare посетители, а  имало вкупно 230 чекирања.

Врвот на чекирањата изнесуваше 113 луѓе, па така оние што го видоа ТЦ Рамстор како тренд место на Foursquare имаа можност да го добијат беџот и после 16 часот. Отклучувањето траеше до 17:15, кога бројката на чекирани падна под 50 и постепено се намалуваше.

Рамстор Swarm
Во 13:00 часот, чекирањето за Swarm значката официјално започна. Радоста беше неизбежна 🙂
Рамстор SwarmРамстор Swarm
На ројот се придружија и неколку македонски компании кои го промовираа собирот.
Рамстор SwarmРамстор Swarm
Некои не беа во можност да дојдат во ТЦ Рамстор, па „ројот“ го следеа преку Twitter хаштагот #4sqmkswarm.
Рамстор SwarmРамстор Swarm
Оние што го отклучија беџот можеа да отидат во слаткарницата Stella и да го покажат, и притоа да добијат 50% попуст на кафе и сладолед.
Рамстор SwarmРамстор Swarm
Денешниот Swarm собир е уште една потврда дека социјални сервиси како Foursquare можат да се користат и за бизнис цели, нешто што само неколку места во Македонија го нудат засега. Повеќе за Foursquare и начините за негово користење можете да прочитате тука.

Пофалби за управата на ТЦ Рамстор, која во краток рок покажа разбирање за настанот, професионалност и помогна отклучувањето на Swarm беџот да се оствари.
Рамстор логоКонечно, би сакале да им се заблагодариме на сите што дојдоа, се чекираа и со моќта на групата ја отклучија Swarm значката. Бројот на луѓе потребни за добивање на денешната значка беше повеќекратно надминат. Тоа ни дава за право да размислуваме за организација на Super Swarm собир, за што се потребни 250+ луѓе кои би го отклучиле овој беџ.

Следно: Отклучување на Super Swarm беџот? 🙂

Super Swarm беџ

250-ката е отклучена! 🙂 Повеќе тука.

- Реклама -