Британската стоковна куќа „Debenhams“ одлучи да го смени ставот кон ретуширањето на рекламните фотографии за долна облека и постави правила кога и во која мерка дигитално може да се менуваат. Со ова сака да прикаже дека природната, а не „фотошопираната“ убавина ќе ги привлече жените во нивните бутици.
Модната индустрија за рекламирање бира или изразито слаби или XXL модели. Конфекциската средина не е доволно впечатлива за привлекување на вниманието на просечниот купувач.
Но, британската стоковна куќа „Debenhams“ одлучи да им се приближи токму на таквите жени и во рекламните фотографии да прикаже манекенки чија убавина е природна и дигитално недопрена.
Од лева страна е природната фотографија, а од десна обработената
Така, донесени се правила за ретуширање на фотографиите во кои се рекламира долна облека, ограничувајќи ги преправките на „полирање“ детали како на пример изедначување на пигментација.
За таа цел „Debenhams“ прикажа фотографии „пред“ и „по“ на кои е видливо дека на обработената фотографија моделот има побели заби, потенки раце, порамен стомак, потенки нозе и посјајна коса.
Иста кампања оваа стоковна куќа спроведе и во 2010 година
Од лева страна е природната фотографија, а од десна обработената