Комуналните редари под Кале лоцираа и фатија група која нелегално спалува кабли, објави вчера на Фејсбук Мирослав Богдановски – раководител на Инспекторатот на Град Скопје.
Лицата, кои Богдановски ги објави со фотографии, се соодветно казнети, додава тој, а честитки за Инспекторатот набрзо пристигнаа и од скопската Пожарна:
„Браво за инспекторатот на Град Скопје, ова се потенцијали за настанување на ПОЖАР и загадување на НАШИОТ ГРАД 💪💪💪“, напишаа тие.