ФОТО: Јапонец го најде крајот на виножитото

Еден јапонски возач, кој на Твитер се одѕива под „рачка“ @utstar_ , возел… долго возел… и налетал на нешто што не се гледа секој ден. Како и секој друг на негово место, застанал, излегол, и го сликал. Тоа што го сликал да ти бил крајот на виножитото.

„Чудно. Колку што знам, според легендата, виножито се формира кога седум ќелави мажи ќе застанат еден до друг и светлината што им излегува од главите се претвора во спектар“, вели еден твитерџија… Ова е некоја глупа јапонска шега, очигледно.

Друг твитерџија е малку пореален: „Имам читано во сликовниците дека на крајот на виножитата се наоѓа ќуп со злато“.

Наоѓачот не спомнува ништо за најдено богатство, ама па и ние не би спомнале – после глава не можеш да кренеш од роднини што ќе ти бараат на заем. Фотка е доволно.

- Реклама -