(Фото) Двајца македонски државјани трагично загинаа на патот блиску до Ниш.

6

Двајца македонски државјани, маж и жена од албанско потекло, трагично загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград – Ниш, во близина на клучката Умчари. Според информациите, несреќата се случила кога патничко возило „сеат“ со германски регистарски таблички излетало од патот. Возачот, според првичните извештаи, изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќајниот знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.

На местото на несреќата загинале мажот и жената, додека трет патник бил повреден и пренесен на болничко лекување. Итните служби веднаш интервентирале, а увидот и истрагата се во тек. Како можна причина за трагедијата се споменува заморот на возачот, со можното сценарио дека заспал зад воланот. Надлежните органи работат на целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.