Корисниците на друштвените мрежи уште еднаш фасцинираат со својата бистрина.
Шегата на страна, попатно направивме мала проверка и излезе дека горенаведената Фејсбук страна веројатно е лажна и се работи за обид за измама (ќе ве навлечат насамо во приватни пораки па ќе се обидат да ви изнудат податоци, на пример). Со оглед дека чести се ваквите измами со лажно претставување во име на популарните маркети, ве потсетуваме дека треба да сте внимателни и да ги избегнувате сите Фејсбук страни освен официјалните. Тие на „КАМ“ се наведени подоле:
„Почитувани потрошувачи и пријатели на КАМ, нашите информации и соопштенија ги објавуваме на нaшите официјални страници:
WEB: www.kam.com.mk
Facebook: www.facebook.com/Kam.Market
Доколку наместо горенаведените линкови стои поинаков текст во Вашиот интернет прегледувач, тогаш сте пренасочени на лажна WEB страница.
Доколку на интернет или преку СМС Ви биде побарана било каква лична информација или податоци од платежна/кредитна картичка или од друг Ваш личен документ, Ве советуваме да НЕ испраќате Ваши податоци, а случајот веднаш да го пријавите во Секторот за компјутерски криминал при МВР“.