Форум на жени на СДСМ: Лагите на пратеничката Стојаноска се спротивни на вредностите и заложбите на женското пратеничко лоби

„Недозволиво е да се злоупотребува собраниската говорница за изнесување лаги, тоа граѓаните не го заслужуваат“, реагираат од СДСМ по обвинувањата од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска за недолично и сексистичко однесување кон неа од страна на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

„Секојдневно ги слушаме лагите на Дафина Стојаноска кажани од собраниската говорница.

Ваквото однесување на пратеничката, која не штеди отровни зборови, се спротивни на вредностите и заложбите на женското пратеничко лоби и не се во интерес на македонскиот парламент“, велат од СДСМ.

За вицепремиерот Маричиќ велат дека „бил и е борец за родова еднаквост, промотор на рамноправноста и силен поддржувач на македонските прогресивни и демократски политики“.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Се докажа дека власта на СДС и ДУИ, предводена од Артан Груби, е до гуша во корупција
- Реклама -