Како да направите совршена палачинка? Според математичарката Ruth Fairclough тоа е лесно, треба само да ја следите оваа формула: 100 – [10L – 7F + C(k – C) + T(m – T)]/(S – E).
Како да направите совршена палачинка? Според математичарката Ruth
Fairclough тоа е лесно, треба само да ја следите оваа формула: 100 –
[10L – 7F + C(k – C) + T(m – T)]/(S – E).
34-годишната професорка по математика Ruth Fairclough реши да ги употреби своите математички способности за да направи совршена палачинка. Така таа дојде до алгебарската формула 100 – [10L – 7F + C(k – C) + T(m – T)]/(S – E).
L го претставува бројот на грутчината во смесата за приготвување, а C стои за нејзината густина. F е бројот на вртењата, k е идеалната густина, а T е температурата на тавата. Идеалната температура на тавата ја претставува буквата m, S е
време кое поминало од приготвувањето на смесата и E е времето кое поминало откако палачинката била приготвена пред да се изеде. Колку резултатот на оваа формула е поблизок до 100, толку палачинката е поблиска до совршенството:).
Според Др.Рут сепак најважен дел во приготвувањето е температурата на тавата заедно со подготовката на вкусната смеса. Таа вели: „Првото нешто што треба да го направите е да ја достигнете совршената температура на тавата. Кога маслото ќе почне по малку да чади тогаш треба да ја ставите смесата. Следното нешто е да се достигне совршената густина на смесата – таа може да биде многу течна, па да ви бега. Исто така, таа не треба да има грутчиња во неа. Тоа можете да го проверите со лажица која кога ќе ја подигнете, тогаш смесата треба лесно да паѓа. Треба исто така да ја оставите смесата да одстои 20 минути за да има време брашното да се апсорбира во млекото. Најдобро е да имате тава со средна големина, ако таа е премногу голема тогаш ќе биде тешко да ја вртите палачинката.“ И на крај “совршената палачинка треба да се послужи жешка со шеќер и лимон.“