Формула 1: Победа на Саинц во Мексико


Шпанецот Карлос Саинц Јуниор од тимот на Ферари победи на Големата награда на Мексико, 20-та трка од Светскиот шампионат во Формула 1.

За 30-годишниот Шпанец ова е втора победа сезонава откако славеше во Австралија, а вкупно четврта во кариерата.

„Беше неверојатно да се види оваа публика, ја чувствував нивната поддршка цел викенд. Искрено, навистина го сакав ова. Ми требаше за себе, реков дека сакам уште една победа за Ферари и сега ја имам, ќе уживам во последните четири трки“, рече Саинц.

Саинц на Автодромот Херманос Родригез, стартуваше од првата позиција, го загуби водството, но подоцна со сигруно возење ја врати лидерската позиција и на крајот победи со 4,7 секунди пред Британецот Ландо Норис во болидот на Мекларен, додека трет беше тимскиот колега на Саинц, Шарл Леклер од Монако со 34,8 секунди заостанување.

„Ова беше многу тешка трка, првите неколку круга целта беше да се остане во трката и да се избегнат какви било судири. Честитки за Карлос и Ферари, тие денеска беа многу брзи, но јас дадов сѐ од себе”, изјави Норис.

„Беше тешко, првото заминување беше фокусирано на контрола на температурата. Цел викенд бев на крајот, па третото место беше најдоброто што можевме да го постигнеме. Но, тоа беше одлична трка од страна на Карлос и што е најважно за тимот. Работиме навистина добро, се вративме на нивото на кое треба да бидеме. Конструкторската титула е целта и со вакви викенди се доближуваме до неа“, додаде Леклер.

Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел ги освоија четвртото и петтото место, а водечкиот во генералниот пласман и актуелен шампион Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул беше шести.

Веќе во првиот круг имаше инцидент и контакт меѓу Александар Албон во Вилијамс и Јуки Цунода во тимот на Виза Кеш Ап РБ. И двајцата ја завршија трката, а безбедносното возило излезе на патеката.

Трката продолжи во седмиот круг, Верстапен го презеде водството пред Саинц, Норис, Леклек, Хамилтон и Расел. Во деветтиот круг Шпанецот го нападна и го престигна Холанѓанецот, а потоа Верстапен беше нападнат и од Норис кој го одмина однадвор, но мораше да мине преку тревата. Верстапен возврати и го нападна Норис кој уште еднаш мораше да излезе надвор од патеката. Леклер го искористи нивното „надмудрување“ минувајќи ги двајцата.

Верстапен подоцна беше казнет со 10 секунди поради опасно возење. Холанѓанецот потоа заработи уште една казна од 10 секунди поради претекнување надвор од патеката.

На четири трки пред крајот на шампионатот води Верстапен со 362 бода, но десет трки по ред нема победа. Норис ја намали разликата на 47 поени, а Леклер е трет со 291 поен.

Во редоследот на конструкторите, Мекларен има 566, Ферари 537, а Ред Бул 512 поени.

Следната трка е Големата награда на Бразил која ќе се вози во Сао Паоло на 3 ноември.

РЕЗУЛТАТИ:

  1. Карлос Саинц (Шпанија/ Ферари) 1:40:55.800
  2. Ландо Норис (Велика Британија/ Мекларен) + 4.705
  3. Шарл Леклер (Монакон/ Ферари) 34.387
  4. Луис Хамилтон (Велика Британија/ Мерцедес) 44.780
  5. Џорџ Расел (Велика Британија/ Мерцедес) 48.536
  6. Макс Верстапен (Холандија/ Ред Бул) 59.558
  7. Кевин Магнусен (Данска/ Хаас) 63.642
  8. Оскар Пјастри (Австралија/ Мекларен) 64,928
  9. Нико Хулкенберг (Германија/ Хаас) 1 круг
  10. Пјер Гасли (Франција/ Алпен) 1 круг

Генерален пласман:

  1. Макс Верстапен (Холандија/ Ред Бул) 362 бодови
  2. Ландо Норис (Велика Беиранијар/ Мекларен) 315
  3. Шарл Леклер (Монако/ Ферари) 291
  4. Оскар Пијастри (Австралија/ Мекларен) 251
  5. Карлос Саинц (Шпанија/ Ферари) 240
  6. Луис Хамилтон (Велика Бритаонија/ Мерцедес) 189

Пласман консрукори

Мекларен 566 поени
Ферари 537
Ред Бул 512
Мерцедес 366
Астон Мартин 86
Хаас 46 …

    - Реклама -