Формула 1: Норис стартува од првата позиција во Бразил, Верстапен дури 17-ти


Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен ќе стартува од првата стартна позиција на трката за Големата награда на Бразил, што ќе се одржи на патеката Интерлагос подоцна во неделата, додека водечкиот во генералниот поредок за Светското првенство и бранителот на титулата Холанѓанецот Макс Верстапен од тимо на Ред Бул ќе стартува од дури од 17-та позиција.

Во текот на трката која наликуваше на своевидната лотаријата за квалификациите во раните утрински часови во Бразил, која започна во 7,30 часот по локално време, а траеше речиси два часа поради бројните прекини предизвикани од дожд и незгоди, најдобро се снајде Норис, кој славеше и во саботната спринтерска трка.

Покрај Норис во првиот ред ќе биде уште еден Британец, Џорџ Расел од тимот на Мерцедес, додека изненадувачки второт ред го сочинуваат Јуки Цунода и Естебан Окон.

Верстапен, пак, беше на 12. позиција кога беше прекината втората фаза од квалификациите и остана без продолжение на натпреварувањето, а додека ја менуваше машината беше казнет со дополнителни пет места во поредокот, па ќе стартува само од 17-та позиција.

На четири трки пред крајот на сезоната, Верстапен има 44 бода повеќе од Норис, а по овој квалификациски резултат Британецот има одлична можност значително да ја намали разликата.

Трката во Бразил ќе започне во 16,30 часот по македонско време.

- Реклама -