Секогаш кога некој бренд/компанија ќе го смени препознатливото лого кое го користела со години и години, реакциите секако ќе бидат негативни. Истото е случај и со Формула 1 и нивното 24 години старо (од 1993 год.) и сега бившо лого, со тоа што овојпат реакциите не се поради тоа што луѓето тешко прифаќаат промени, туку затоа што стварно е безвезе. За разлика од старото, кое важи за едно од најдобрите логоа на сите времиња, се сомневаме дека ова ќе се најде на таквите листи.
Портите на пеколот Формула 1 ги отвори минатата седмица кога премина кон целосно црвено лого со поелегантен и помодерен дизајн, претставено на трката во Абу Даби во неделата.
Дело е на Liberty Media, маркетинг директорот Ели Норман, и рекламната агенција Wieden + Kennedy. Норман дури и се осмели да рече дека фидбекот од публиката бил „неверојатно позитивен“.
Ама фидбекот не е воопшто позитивен. Краток поглед на коментарите на интернет е доволен да се види дека е баш обратното. Долгогодишните фанови на Формула 1 безмалку го распнаа на крст, нарекувајќи го „аматерско“ и „безвезе“. Дури и четирикратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон рече дека старото повеќе му се допаѓало.
Во меѓувреме, луѓе го споредија со чешма што капе.
Други најдоа од каде е „крадено“.
Дека никој не го сака новото лого потврдија и новинарите зад Твитер профилот „Formula Money“ кои го следат бизнис аспектот на Формула 1. Според нив, можело да биде и полошо – објавија дел од предложените дизајни. И, како што истакнуваат, еден од тие е права линија…
За волја на вистината, се најдоа и два-тројца што го бранат новото лого. На едни им се допаѓа што е зачувана препознатливата единица (кецот е ротиран 90° налево).
Други велат дека изгледа многу подобро кога под него е испишан и текстот.
Како и да е, интернет засука ракави да го поправи новото лого и да покаже дека Формула 1 можела многу подобро. Еве дел од предлозите, што од професионални, што од аматерски графички дизајнери.
Други предложија и сосема нови дизајни.