Форматиран телефон и одмор во Ханиоти… Животот е убав

Откако пред два дена „Канал 5“ објави фотографија добиена од гледач на која наводно се гледа Катица Јанева на плажа во Ханиоти, денеска од СЈО потврдуваат дека специјалната јавна обвинителка е на одмор. Од СЈО, меѓутоа, не ја коментираат фотографијата и не можат да потврдат дека Јанева е на одмор на првиот крак на Халкидики, објави „Плусинфо“.

Во меѓувреме медиумите објавија и фотографија од наводно нејзиниот син – Лазар Јанев, наводно од истата таа плажа. Сепак, останува констатацијата на „Канал 5“, дека е можно фотографијата да не е направена во времето и на местото во кое анонимните читатели тврдат дека е направена.

Меѓутоа, едно е сигурно, барем според информациите што „Слободен печат“ ги добиле од СЈО; Јанева е дел од првиот бран вработени од Специјалното јавно обвинителство кои заминале на летување. Како што пренесува весникот, се работи за колегијалност меѓу вработените, кои се договориле да се поделат во две групи во однос на користење на летниот одмор, за да нема застој во тековната работа на СЈО. Во првата група со Јанева е и нејзината колешка и заменичка Ленче Ристовска, а штом се вратат, на одмор ќе замине и втората група.

Во меѓувреме, СЈО е на еден вид „стенд бај“, односно во „работна кондиција“ го оддржува замената на Јанева, која патем ги нема законските овластувања што ги има специјалната јавна обвинителка (детали ТУКА).

Инаку Јанева сè уште не е под истрага, иако двата мобилни телефона ѝ беа одземени и вештачени од страна на Обвинителството во истрагата за случајот „Рекет“. Првиот ѝ беше одземен при претрес во домот, непосредно по апсењето на првоосомничениот Бојан Јовановски алијас Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец. Вториот, откако нејзиниот син Лазар Јанев при претресот рекол дека е изгубен во Белград, беше најден во државава кај сестрата на неговата девојка, која патем е вработена во СЈО, според „Телма“. Според обвинителството, во првиот телефон не било најдено „ништо посебно“, додека во вториот не било најдено буквално ништо од корист за истрагата, бидејќи бил целосно форматиран. Како што потврди обвинителката Вилма Русковска, податоците од вториот мобилен на Јанева не можат да бидат вратени.

 

 

- Реклама -