Лицето може да открива многу за личноста на човекот. Округлите образи, правилниот нос, полните усни или четвртастата брада можат да откријат колку сте интелигентни, или пак по нешто за вашиот карактер.
Зад ваквиот став цврсто стои морфопсихологот Патрис Ра, а еве што може таа да заклучи за вас, само преку анализа на вашето лице.
ОКРУГЛО ЛИЦЕ
Луѓето со округло лице и полни, заоблени образи одаваат впечаток на мекост и нежност, налик на детската, а откриваат дека се работи за отворена, флексибилна и прилагодлива личност. Најчесто, овие луѓе се големи оптимисти. Срдечни се, спонтани, ама и малку наивни. Животот го набљудуваат од посветлата страна и не се склони кон конфликтни ситуации. Напротив, секогаш се стремат кон договор и компромис. Најголема маана им е што се дрдорливи, па често жалат за непромислено кажаните работи. Заради оптимизмот, склони се кон преценување на своите и туѓите квалитети. Сепак, нивното главно оружје е прагматизмот и умеењето да уживаат во животот. Го доживуваат како голема игра со безброј можности, што ги прави омилени во друштвото.
ОВАЛНО ЛИЦЕ
Овие личности се смирени, објективни и вешти во дипломатското решавање не проблеми. Тие знаат да бидат многу дискретни кога е потребно, а се срдечни исклучиво кон оние што ги почитуваат и за кои се грижат. Така, околината најмногу им замерува на претераната воздржаност и вештото криење на емоциите, како и на изразената недоверба кон строгите правила, догми и широко воспоставени сфаќања.
ИЗДОЛЖЕНО ЛИЦЕ
Долгото лице со вовлечени образи (што му даваат облик на триаголник) е карактеристично за оние независните, пречувствителните и строги личности. Тие сакаат се околу себе да имаат под контрола. Истовремено, тие се многу промислени и аналитични, кои прво собираат што повеќе информации, а потоа делуваат. На прв поглед, делуваат студено и воздржано, а кон другите ретко се доверуваат, барем не пред добро да ги запознаат.
Овие луѓе се изразити песимисти и го сметаат животот за компликуван, тежок и опасен. Затоа и се многу критични, како кон себе, така и кон другите. Сепак, околината многу ги цени и ја почитува нивната искреност, бидејќи овие личности во се, а особено во меѓучовечките односи, трагаат кон оние ретки, длабоки, силни и трајни емоции и релации. Наместо кратки и површни врски, тие секогаш бираат самотија.