Ford се извини поради рекламата со Берлускони

Огранокот на компанијата Ford во Индија официјално се извини поради тоа што во една негова реклама се најде поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

На рекламниот постер за новиот „Ford Figo“ Берлускони седи на возачкото место и задоволно се смешка, додека во гепекот на автомобилот се врзани три сексапилни девојки. Под фотографијата пишува „Заборавете на вашите грижи со екстра големиот гепек на Ford“.

Иако рекламата не е користена во официјалната кампања на Интернет ја објави рекламната агенција која работи за Ford Индија.

Ford соопшти дека жали поради рекламниот постер, koje e спротивен на стандардите и професионализмот на компанијата.

[youtube]http://youtu.be/jje48SU85Vk[/youtube]

- Реклама -