Во 1965 година инженерите на Ford предложиле управувачот да биде заменет со два мали управувачи за полесно и побезбедно управување.
Радикалниот Wrist-Twist систем нудел поудобно возење и подобар преглед на патот и контролната табла. Но најверојатно би придонел и кон 2000 процентно зголемување во бројот на сообраќајни несреќи.
{youtube}PWWYkxQCFfQ{/youtube}
Управувањет со овој уникатен систем изгледа идеален за мрзливи возачи кои не сакаат да ги движат своите раце. И иако изгледа доста лесен за користење при нормално возење, замислете како би изгледало ако морате нагло да свртите за да избегнете пречка на патот? Според Ford системот би го олеснил паралелното паркирање иако во демонстрацијата сите автомобили во позадината се движат наназад…