Фонтаната Bellagio (видеа)

intro.jpg Bellagio хотелот во Лас Вегас е отворен на 15 октомври 1998 година и во тој период важел за најскапиот хотел до сега изграден. Вредноста за неговата изградба достигнала неверојатни 1.6 милјарди долари. Само за забавата по повод неговто отворање биле потрошени 88 милиони долари.

Bellagio хотелот во Лас Вегас е отворен на 15 октомври 1998 година и во тој период важел за најскапиот хотел до сега изграден. Вредноста за неговата изградба достигнала неверојатни 1.6 милјарди долари. Само за забавата по повод неговто отворање биле потрошени 88 милиони долари.

Во склоп на хотелот се наоѓа и една од најголемите атракции во Лас Вегас, фонтаната Bellagio . Она што ја издвојува од останатите фонтани, е нејзиниот музички “талент“ со кој што им го одзема здивот на глемиот број на туристи.

1303828501_53500bfe5c.jpg


За сето тоа, освен креаторите, задолжени се и 1,200 цевки и 4500 светилки кои што се распространети низ вештачкото езеро на површина од 32,000 m2. Инспирацијата за керирање на ваква водена атракција е добиена од езерото Комо во Италија, а изградбата на вештачкото езеро заедно со фонтаната чини 50 милиони долари.

img_1.jpg

Фонтаната своето шоу го одржува на секои 30 минути, а од 20 часот па се до полноќ, на секои 15 минути. На шоуто можат да присуствуваат сите посетители на хотелот, но и случајните минувачи, благодарејќи на местоположбата која овозможува поглед повеќе страни.

Frank Sinatra – Fly Me To The Moon
{youtube}CnZNe-Xde3g{/youtube}
 
Andrea Bocelli – Time To Say Goodbye
{youtube}FVOMReOMYyQ{/youtube} 
- Реклама -