Фон дер Лајен: Руските напади врз украинската инфраструтура се воени злосторства, акти на чист терор

Брисел, 19 октомври 2022 (МИА) – Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен ги нарече руските напади врз цивилната инфраструктура во Украина „воени злосторства“.

„Вчера повторно видовме напади на Русија насочени против цивилната инфраструктура и ова означува ново поглавје во веќе многу сурова војна“, истакна Фор дер Лајен во Стразбур, во денешното обраќањето пред Европскиот Парламент.

„Тоа се воени злосторства“, категорично изјави шефицата на Еврокомисијата.

„Насочени напади врз цивилна инфраструктура со јасна цел да се исклучат мажите, жените, децата од вода, струја и греење со доаѓањето на зимата, тоа се акти на чист терор“, истакна фон дер Лајен.

Претседателката на Комисијата, исто така, ја повтори поддршката на Европската Унија за Украина „колку што е потребно“.

Прочитајте и:  Кина по зеленото светло за Украина за напади во Русија: Најитно е да се поттикне деескалација што е можно побрзо
- Реклама -