Фолната киселина ја спречува депресијата

Фолната киселина ја спречува депресијатаСе чувствувате лошо и уморно? Наутро со тешка мака се извлекувате од кревет? Немате волја за ништо? Се чувствувате исцрпено? Норвешки стручњаци откриле дека и недостаток на фолна киселина може да доведе до депресија!

Значи ако не внесувате доволно фолна киселина во организмот, се зголемува производството на хомоцистеин, продукт кој се создава во текот на метаболизмот и кој го намалува нивото на серотонин – хормонот што не прави да се чувствуваме убаво и среќно. „Жените се изложени на двапати поголем ризик од депресија во однос на мажите“ – тврди Петер Бунг, гинеколог од Бон.

Фолната киселина во комбинација со витаминот Б подолго трае во организмот и подолго делува. Германското друштво за храна препорачува дневна доза од 60 микрограми фолна киселина, а толку отприлика содржи 50 грама квасец, 100 грама пченични ‘ркулци или 500 грама магдонос. Сировата храна е богата со витамини, додека фолната киселина се губи за време на термичката обработка. Од друга страна фолната киселина спречува и артериосклероза и мозочен удар, а игра и важна улога во производство на течноста без која нема живот – крвта. 

Еве уште некои природни извори на фолната киселина: 

1. 100 г цвекло содржи 45 микрограма фолна киселина
2. 100 г прокељ содржи 37 микрограма фолна киселина
3. 100 г ориз содржи 16 микрограма фолна киселина

И на крајот еден совет од нутриционистите: ако ги имате гореспоменатите симптоми јадете кикирики, богати се со фолна киселина.

- Реклама -