Фолксваген замрзнува два проекти

Два од проектите за нови модели на Фолксваген се замрзнуваат на неопределен период, соопшти шефот на одделот за истражување и развој во концернот, Улрих Хакенберг. Станува збор за кабриолетот BlueSport и мини Bulli, кои ќе треба да ослободат пат на новиот кросовер.

Според Хакенберг во 2014 година Volkswagen ќе треба да пушти на пазарот нов компактен кросовер од B-класата. Тој ќе биде на модуларната платформа MQB и ќе треба да им конкурира на Nissan Juke и MINI Countryman. Возилото ќе се нуди со новалинија мотори која вклучува бензински и дизел агрегати со мал волумен. Надворешноста на моделот ќе биде во стилот на концептниот кросовер Cross Coupe.

Зборувајќи за спортскиот BlueSport Хакенберг соопшти дека Volkswagen сериозно ја разгледува можноста за пласирање на овој модел во сериско производство. Во моментов нема економска оправданост за производство на таков автомобил и затоа тој се одложува. Истата судбина ќе ја доживее и проектот Bulli, чиј прототип беше прикажан на салонот во Женева минатата година.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -