И славните личности се обични луѓе. И тие имаат свои желби, стравови и фобии. Единствената разлика е што за славните, секој на планетава сака да знае сè. Овде, ќе разгледаме некои од најчудните фобии што ги имаат најпознатите актери и пејачи.
И славните личности се обични луѓе. И тие имаат свои желби, стравови и
фобии. Единствената разлика е што за славните, секој на планетава сака
да знае сè. Овде, ќе разгледаме некои од најчудните фобии што ги имаат
најпознатите актери и пејачи.
Камерон Дијаз се плаши од кваки. Таа е толку исплашена од бацилите со кои тие се преплавени, што не може да се натера да ги допре со гола рака.
Вупи Голдберг до пред некое време не можела да замисли да влезе во авион. Патувала од едната страна на Америка до другата во сопствениот автобус. Но, кога настапот во нејзиниот мјузикл „Сестри во акција“ требало да ја однесе во Лондон, ѝ станало јасно дека автобусот веќе не е опција. Тогаш побарала помош од вработените во авионската компанија, задолжени за надминување на стравот од летање. Очигледно, тие биле прилично добри, зашто Вупи оттогаш почесто може да се види на аеродромите.
Били Боб Торнтон, поранешниот сопруг на Анџелина Џоли екрајн о екцентричен човек. Но, фобијата која ја има е чудна дури и според неговите стандарди. Тој се плаши од антиквитети. Вели дека не може да поднесе стари парчиња мебел, особено од француската ренесанса. Кога има некое такво во близина, тој не може да спие, не може да јаде и е крајно вознемирен. Затоа, пред да резервира соба во некој хотел, се јавува за да се осигури дека немаат таков мебел во апартманот.
Џони Деп, Пи Диди и Даниел Ретклиф се плашат од кловнови.
Никол Кидман се плаши од пеперутки.
Мадона е преплашена од грмотевици.
Кристина Ричи има фобија од собни цвеќиња. Луѓето кои засведочиле контакт на оваа актерка со собно растение, велат дека во тие моменти почнува да ги нарекува „гнасни нешта“ по што потполно откачува.
Ако треба да погодувате, би рекле дека Метју Меконахи има страв од маици, зашто на филмовите изгледа како да не може да ги најде. Но не. Метју има страв од тунели и ротирачки врати. Во негова одбрана, тој вели дека не ги мрази тунелите во целост, туку моментот на влегување, кога поради адаптацијата на очите не можете да видите подалеку од 3 метри. А, што се однесува до ротирачките врати, тој вели дека отсекогаш му се лошело кога ќе им се приближел. Можеби затоа минува толку време на отворено… без маица!