Home УмниБус Здравје Флуорот може да биде сериозна закана за децата

Флуорот може да биде сериозна закана за децата

0

Болки и проблеми со зглобовите, артритис и други серизни оштетувања можат да бидат предизвикани од секојдневната и безбедна процедура како што е миењето на забите, особено кај вашето дете, предупредуваат научниците во списанието Journal of Bone and Mineral Research.

При невнимателно користење на пастите за заби, односно доколку децата користат пасти за заби со високо ниво на флуор може да дојде до појава таканаречена скелетна флуороза. Конкретно, при употребата на големи количини на флуорирана паста за заби можат да се развијат симптоми слични на артритис.

Научниците открија зголемена содржина на флуор во урината, крвта и коските на пациенти кои ги мијат забите по 5-6 пати дневно со флуорирана паста. Осум месеци по престанувањето на употребата на високофлуорирана паста за заби, содржината на флуор во ткивата и биолошките течности на волонтерите се нормализирал, а исто така исчезнале и некои симптоми на артритис и болки во одредени регии на телото.

Стоматолозите предупредуваат дека без потреба не треба да се користат пасти за заби со високо ниво на флуор и дека флуорот може особено да им наштети на децата до предучилишна возраст. Практиката покажала дека децата внесуваат двојно повеќе флуор од она што е пропишано.

Објавено во соработка со За Здравје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here