За сите оние кои едноставно не можат да ги дочекаат гаџетите на иднината, и сакаат да ги видат што е можно побрзо, Хао-Чун Хуанг го создал Flexbook. Овој футуристички лаптоп е опремен со флексибилен зглоб кој овозможува превиткување и реконфикурација од лаптоп во таблет.
Дел од дизајнот е и водоотпорна тастатура, гумени прекривки кои можат да се менуваат и екран осетлив на допир со сооднос 21:9 кој може да ротира за 180 степени.