Флаширана или вода од чешма?

Не еднаш сме слушнале дека водата од чешма содржи големи содржини на токсични хемикалии, хормони или пестициди. Но, експертите велат дека флашираната вода воопшто не е подобра од онаа од чешма, а може да е и уште полоша.

Според AlterNet, мултинационалните компании како Pepsi Co., Coca-Cola и Nestle заедно заработуваат околу 109 билиони долари годишно, само од продажба на флаширана вода. Сепак, сајтот вели дека индустријата за пијалоци продава вода што е веројатно полоша од онаа од чешма, или едноставно ја препродава токму водата од водовод, само по 1000 пати поголема цена.

„Чешмите за вода ги имаше насекаде, но полека почнаа да исчезнуваат како резултат на тоа што јавната вода интензивно се истуркува надвор од употреба, во полза на приватната контрола и профитот“, вели „научникот за вода“ – Питер Глик во својата книга „Bottled and Sold“.

„Градските фонтани станаа анахронизам, застарени, несовремени, па дури и луксуз, симбол на едно време кога домовите немаа чешми и кога флашираната вода не беше достапна во секоја продавница и трафика. Во нашето општество посветено на здравиот живот, се плашиме дека јавните фонтани и водата од чешма, генерално, се извори на контаминација и зараза“, објаснува Глик.

Прочитајте и:  Поголем дел од Битола без вода за пиење

bottled-water-is-more-dangerous-than-tap-water[1]

Еден од аргументите во прилог на ваквата теза е скандалот од 2006-тата, кога компанијата за производство на флаширана вода „Фиџи“ ги налути граѓаните на Кливленд. Компанијата се бранеше дека водата им се вика Фиџи затоа што не е произведена во Кливленд (што и да значи тоа), а не затоа што потекнува од островот Фиџи, како што мислеа купувачите. Како одговор, градските власти наредија да се извршат тестови за споредба на бактериолошката содржина и нивото на флуорид на 57 различни видови на флаширана вода со онаа од градскиот водовод. Истражувањето покажа дека водата од чешмите на Кливленд е многу подобра од најголемиот дел од конкуренцијата, додека во водата на брендот Фиџи беа најдени 6.31 микрограми арсеник, по литар.

Најголемиот дел од научниците се сложуваат: „Од безбедносен аспект и од аспект на цената, водата од чешма е подобра за вас“.

- Реклама -