FitnessCorner: Вагата и килограмите како мерило на вашиот прогрес

Мала помош за оние кои сакаат да се дефинираат, дојдат до топ форма, или само сакаат да ослабат неколку килограми.

1601562_698988606812266_168941317_n

Споредбата на првата слика не е грешка – на првата слика девојката има помалце килограми, и очигледно е дека има повеќе масти на телото; додека на втората слика, девојката има ПОВЕЌЕ килограми, а помалку телесни масти, кое е и видливо.

Зашто е тоа така ?

Втората слика покажува дека 5 lbs сало и 5 lbs масти имаат иста маса. Но тука е главната разлика. Иако тежат исто, салото има многу поголем волумен, а мускулот има многу помал волумен. Што би значело следното – девојката од лево на сликата горе има помалку килограми, затоа што од вкупната телесна маса, има повеќе масти (сало), а помалку мускулна маса. Додека на втората слика, има повеќе килограми (5 кг повеќе), и од целосната телесна маса, таа има повеќе мускулна маса од колку телесни масти.

body-weight-scale

Иако еден од ефективните методи за пратење на прогресот е вагата, немојте секогаш вашиот прогрес да го следите САМО преку неа, затоа што во поголемиот дел од случаевите, може да стагнирате во бројките на вагата, а сепак да ви се менува физичкиот изглед, телесната композиција и соодносот на ткивата (мускулно и масно). Наместо вагата, пробајте огледалото да биде вашиот најдобар другар, тоа никогаш не лаже, дури и кога вагата го покажува спротивното.

- Реклама -