FitnessCorner: Што е дефиниција за идеална телесна тежина ?

По многу интернет портали сретнуваме која е нашата идеална телесна тежина за нашата висина. За некој кој е висок 1,80 цм, идеална тежина би му била 80 килограми.

Дали навистина е важно колку килограми имаме ?

Сликава го покажува спротивното од примерот погоре за соодносот на телесната тежината со висината.

1601304_715027891875004_113206435_n

Под телесна тежина спаѓа мускулната маса, масното ткиво и коските. Зависно од што е највеќе застапено, таква е и нашата телесна композиција. Сликата погоре го покажува токму тоа:

Две индивидуи, кои имаат иста телесна тежина и иста висина , а изгледаат комплетно различно.

На сликата лево, застапено е во најголема мера мускулна маса, а многу малку телесни масти. На сликата десно е обратно – во голем процет масно ткиво, а многу малку мускулна маса.

Што би значело, телесна тежина не е важна, туку композицијата на тело и застапеноста на мускулна маса наспроти масно ткиво.

Одберете како сакате да изгледате!

- Реклама -