FitnessCorner: Кросфит или фитнес – што е подобро ?

Во последно време се крена доста врева околу crossfit-от/функционалниот фитнес, дали е подобар од класичниот бодибилдинг, дали се качува мускулна маса од него, дали е подобар за чистење/дефинирање на мускулите итн итн…
Главното прашање – Што е подобро, бодибилдинг или crossfit ?
– Одговорот е едноставен – ниту едно, или двете!

Што е вашата цел ? Што барате да постигнете од теретаната и класичното вежбање, а што од crossfit-от ? Тука ќе го најдете одговорот на прашањето. И двете дисциплини, гледано од индивидуална гледна точка имаат свои предности и недостатоци.

Пред се, бодибилдингот е основата и столбот на сите ново креирани дисциплини или “деривати” како што е crossfit, аеробик, пилатес итн итн…Сите се практикуваат со една намена, а тоа е за подобрување на телесната композиција. Но, како една класична и докажана дисциплина која истовремено гради мускулна маса (го обликува телото) и топи масти е бодибилдингот. Crossfit – от од друга страна, е добро за оние на кои им е целта да зголемат издржливост, сила, експлозивност, да намалат масти, но не и да КАЧАТ МУСКУЛНА МАСА – зашто ? Од проста причина што тренинзите се многу интензивни, спаѓаат во HIT (High Intensity Training) категорија, од мускулите се бара на издржливост (што е спротивно од она што е потребно за хипертрофија – мускулен раст). За некој кој претходно воопшто не бил физички активен, или да речеме немал никаков тренинг со тегови, доколку би почнал со crossfit, секако дека ќе види промена на своето тело, т.е градење на одредена мускулна маса, но тоа е како реакција и адаптација на телото за новиот тип на стрес на кој што не бил претходно навикнат (тренинг со тегови, а резултат на тоа – мускулен раст). Но сепак, тоа е ограничено, обично тој прогрес се појавува во првите 6-7 месеци од тренирање со тегови и подоцна доаѓа до стагнација. Според мене, crossfit-от е прилично ризичен за оние кои не знаат да ги изведуваат движењата правилно, затоа што сепак е тренинг со тегови и се инволвирани доста експлозивни движења кои ако не се изведуваат правилно, го зголемуваат ризик факторот за повреда.

corssfit2

Сепак, станува збор за личен избор, среќавам голем број на луѓе кои сакаат да бидат физички активни, но им е досадно класичното вежбање 3 серии по 10 повторувања и одлучуваат да одберат crossfit, аеробик, зумба и слично.

Но, за оној кој му е целта да гради мускулна маса, да го обликува своето тело на правилен начин и да намали масти, бодибилдингот е најдобриот и најдокажаниот метод за тоа.

Тренирајте редовно, хранете се правилно и изгледајте и чувствувајте се добро!

 

- Реклама -