Mozilla ја ослободи Firefox 14, скромен апдејт со неколку нови опции и подршка за инкриптирано пребарување кое ќе ги заштити вашите пребарувања од другите кои ја користат истата мрежа.
Највидливата промена во новата верзија – барем за оние што внимаваат на URL лентата – е новата опција за безбедни пребарувања. Промената значи дека вградената опција за пребарување на Firefox ќе ги пренасочи кон SSL инкриптираната HTTPS адреса на Google.
Тој дополнителен безбедносен чекор ќе спречи непотребно душкање на вашата мрежа и вашите пребарувања на Google. Во моментов безбедното пребарувања важи само за Google, па ако користите друг систем за пребарување ќе треба да почекате. За среќа оваа иста функција долго време е достапна преку плагини.
Најпопуларната е HTTPS Everywhere плагинот на Electronic Frontier Foundation. Мозила вели дека планира да работи на адаптирање на овој систем за другите пребарувачи но во меѓувреме HTTPS Everywhere ќе ви дозволи брзо поврзување преку HTTPS.
Mozilla ја замени ѕвездата во URL лентата за да ги открие безбедните врски. Firefox ќе покажува или катанец за SSL врски или глобус за неинкриптирани врски. Промената ќе спречи злонамерни сајтови кои користат катанец наместо ѕвезда за измами.
Firefox 14 нуди и неколку мали но добредојдени промени, како URL auto-complete, click-to-play за плагини како Flash и подршка за цел екран за Mac OS X Lion. Покрај десктоп верзијата Firefox 14 ќе биде достапна и за Android со неколку поправени багови, како неколку поврзани со Flash Player плагинот на Adobe. [Firefox 14 automatically encrypts all Google searches]