Избрани се тројцата финалисти за најдобар фудбалер за оваа година. Финалниот избор ќе се одржи на 11 Јануари 2016 во Цирих.
Тројцата финалисти се Меси, Роналдо и Нејмар. Јавноста можеби се запраша зошто Луиз Суарез и Роберт Левандовски не се дел од ова друштво.
Суарез имаше прекрасна сезона во Барселона и изјави дека не му е сеедно што не се нашол помеѓу првите тројца, иако изрази поддршка за неговите клупски колеги Меси и Нејмар.
За тренер на годината во најтесната трка влегоа: Пеп Гвардиола, Луис Енрике и Жорге Сампаоли.
За најдобра фудбалерка: Карли Лојд (САД), Аја Мијама (Јапонија) и Селина Сашиќ(Германија)