Филипче: Заев е промената во општеството која генерации граѓани ја чекаа за да ги исполнат соништата на своите деца

„Зоран Заев е промената во општеството која генерации граѓани ја чекаа за да ги исполнат соништата на своите деца“, пишува на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче, откако вчера Заев беше реизбран за претседател на СДСМ.

„СДСМ продолжува сигурно напред со човекот кој донесе големи промени и храбри одлуки за иднината на земјата. Тој ја обединува партијата, но и граѓаните на целата држава и затоа е вистинскиот избор за лидер на СДСМ. Му посакувам успешен мандат“, додаде Филипче.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури
- Реклама -