Филипче: Веќе стигна првата фактура за кредитот од Будимпешта

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Прес 24 предупредува дека кредитот од Унгарија ќе резултира со сериозни негативни финансиски и политички последици за земјата. Toj изразува сомнеж за транспарентноста и економската оправданост на договорот, посочувајќи на можни коруптивни интереси зад истиот.

„СДСМ ќе ги искористи сите средства да укаже и докаже зошто е ова штетен договор. Аргументите за наводната поволна камата не само што се неточни, туку унгарските медиуми укажаа дека Орбан за сопствени потреби се задолжува со многу повисоки камати. Фактот што Унгарија дава кредит со камати кои самата ги плаќа поскапо, укажува на тоа дека зад договорот стои „огромен политички и корупциски интерес. Оваа Влада планира да се занимава со „крупна корупција“ и дека тоа ќе стане јасно многу брзо“ – вели Филипче.

Тој вели дека веќе е стигната првата фактура за овој наводно фантастичен договор, најавата за влез на телеком компанија блиска до Орбан, посочувајќи на конкретни примери кои, според него, укажуваат на скриени интереси и договори зад сцената.

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев

„Практично, веќе и стигна првата фактура за овој наводно фантастичен договор, најавата за влез на телеком компанија блиска до Орбан. Па прашањето е што се ќе следува? Да не е брзата пруга? Концесии во бизнисот со снабдување со нафтени деривати? Допрва ќе видиме какви услови ќе им се дадат на инвеститорите и што се крие зад целиот договор“ – вели Филипче.

Тој истакнува дека СДСМ има обврска да ги изложи сите последици од овој договор и најави дека многу конкретни информации ќе бидат презентирани на собраниската говорница. „СДСМ има обврска јасно да укаже на сите последици од овој договор. И многу конкретни сознанија ќе бидат предочени токму од собраниската говорница,“ рече тој, повикувајќи на брзо доставување на законот во Собранието, со цел истиот да биде разобличен.

- Реклама -