По новиот вебсајт посветен на ситуацијата со коронавирусот во земјава, Владата предводена од Министерството за здравство сега објави и мобилна апликација преку која ќе можете да ги добиете најновите вести, дневни статистики и совети за заштита од Ковид-19. За апликацијата информираше и министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил:
„Сите информации за ситуацијата со КОВИД-19 на вашиот телефон! Преземете ја апликацијата од koronavirus.gov.mk/app – следете ги најновите вести, дневни статистики и совети за како да се заштитите од коронавирусот“, напиша тој.