Филипче: Рано е за заклучоци, но линеарниот раст во последниве 15 дена охрабрува

Сѐ уште е рано за заклучоци, но она што во моментов охрабрува за ситуацијата со коронавирусот во земјава е линеарниот раст на заболени во последните 15 дена, односно приближно еднаков број на заболени секој ден, вели министерот за здравство Венко Филипче.

„Ова беше нашата цел од самиот почеток. Со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот. Пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките“, напиша Филипче на Фејсбук.

Прочитајте и:  Филипче: Ќе понудиме современа политичка платформа со силен фокус на економијата и платите
- Реклама -