Филипче со поддршка за премиерот: Заев донесе низа тешки но целосно исправни одлуки, мора да продолжиме по овој пат

Министерот за здравство Венко Филипче им се приклучи на своите сопартијци и јавно искажа поддршка за премиерот Зоран Заев по вчерашното интервју за БГНЕС.

Поддршката од сопартијците особено се интензивира откако поранешниот претседател на партијата – Бранко Црвенковски, ги повика да се оградат од ставовите на Заев, оценувајќи дека е направена непоправлива штета која ќе има долгорочни и тешки последици за македонскиот народ и за државата. Од СДСМ, пак, излегоа со официјален став во кој потврдија дека искажаните ставови на Заев се и ставови на партијата и на Владата, а воедно и државни позиции.

Филипче, од друга страна, порачува:

„Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите, се за најголема почит. Мора да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства штитејќи ги нашите интереси и напредувајќи кон Европската унија. Досегашните политики на отвореност и дијалог решија децениски спорови и така мора да продолжиме“, напиша министерот за здравство.

Прочитајте и:  СДСМ поднесе закон за укинување на ДДВ-то за прехранбените производи

- Реклама -