Филипче: Очигледно Зоран Заев им е во потсвеста на некои функционери на ВМРО-ДПМНЕ

„На некои функционери во ВМРО-ДПМНЕ очигледно во потсвеста им стои името на премиерот Зоран Заев. Нема друго објаснување кога нивен член, нивен портпарол ќе извика да живее Зоран Заев, што значи дека тоа е навистина нешто што ги оптеретува, нешто со што очигледно и се будат и заспиваат и очигледно е дека се свесни дека со нивните други секојдневни постапки прават нешто што не треба, што не е исправно“, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче во вклучувањето во живо на социјалните мрежи заедно со кандидатот за градоначалник на Штип од редовите на СДСМ – Сашко Николов, пренесува „Центар.мк“.

Филипче алудираше на вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за надворешни работи, каде на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ – Димче Арсовски, ненамерно, се чини, му се лизна едно „Да живее Зоран Заев!“.

Филипче додаде и дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ е ирационално – од една страна во време на пандемија организира протести на кои, според министерот, мерките не се почитуваат, додека истовремено реагира дека изборите во Штип се ризик по здравјето.

- Реклама -