Филипче: Не размислуваме за избopите, заштита од коронавирусот е врвен приоритет на државата

Стриктната забрана важи за собирите на над 1.000 лица, а за сите собири до 1.000 засега има само препорака да не се одржуваат, објасни министерот Венко Филипче прашан дали забpaната за јавни собири ќе важи и за пapтиските конгреси како тој вчера на СДСМ, а кои треба да се одржат утре и во следниот период, со оглед што 14-дневната забpaна се поклопува и со почетокот на избopната кампања.

Мерките се според примерот во другите земји, истакна Филипче, додавајќи:

„За избopниот процес не размислуваме. Ова се епидемиолошки индикации како и зошто треба да важат овие мерки 14 дена. Доколку има потреба и ќе се продолжат, затоа што ова е врвен приоритет на земјава во овој момент. Никако не калкулираме со партиски собири или почеток на кампањата“, катерогичен беше министерот.

- Реклама -