Филипче: Наглото влошување на состојбата воопшто не е изненадувачко за коронавирусот

И двајцата пациенти се јавени во болницата на време, но и во светот има пријавено случаи со многу фулминантен тек на болеста (нагло влошување), одговори министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, прашан дали тоа што првите две лица починале само 5-6 дена по пројавувањето на првите симптоми упатува дека се работи за ненавремен третман, наводно според примерите од светот.

„Количината на веремија, односно количината на вирус што може клетката на белите дробови да ја врзе, зависи од многу претходни состојби, претходна терапија итн. Така што, ваква форма, со нагло влошување, воопшто не е изненадување за овој предизвикувач (коронавирусот). И за тоа веќе има публикации и од Кина, и од Италија, и од некои други земји“, појасни Филипче.

- Реклама -