Светлана Зуламоска, за оние што ја знаат, е позната по своето необично хоби, кое е тесно поврзано со нејзината професија. Се работи за фризерка од Прилеп која изработува слики, главно портрети, од материјалот кој ѝ е најдостапен – коса.
Во долгата листа на наши познати фаци, досега им има изработено портрети на Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Кире Лазаров, Лила Филиповска, а пред неодамнешните Оскари – и на Атиџе од „Медена земја“.
А сега, во услови на карантин и глобална пандемија, на ред дојде и министерот за здравство – Венко Филипче.
„На човекот кој во овие тешки денови за сите нас е дежурен ‘херој’ му направив портрет од коса. И му благодарам од срце“, пишува Зуламоска во објавата.
А кога сме на тема Филипче и коса, еве и една интересна фотографија. Порталот „Скопје24“ му ја ископал од приватниот албум, објавена некаде пред 12 години, а направена веројатно многу порано. Битно, на фотографијата е Филипче, и тоа во време кога има коса колку што сега има нерви да одговара на глупави новинарски прашања: