Филипче: Денеска имаме досега најголем број починати, повикувам на максимална одговорност

По денешниот ден со најтрагичен биланс од почетокот на пандемијата во земјава, со порака се огласи министерот за здравство Венко Филипче:

„Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен

Есенскиот бран на вирусот ‘коси’ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран.
Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита“, пишува Филипче на социјалните мрежи.

Како што и самиот нагласува, денеска во болниците имало 596 пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19, што е четврти ден по ред откако болниците за првпат во земјава ја надминаа бројката од 500 хоспитализирани и истата секојдневно расте.

Како што информираше Министерството за здравство, во последните 24 часа на Инфективната клиника во Скопје се примени 17 пациенти, а вкупно има 137 хоспитализирани. 97 од нив се на кислородна поддршка, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 1 мајка суспектни на ковид-19.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 57, а во болницата во Штип се 54 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 281 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

По денешните 561 новодијагностицирани, вкупниот број на активни случаи во земјата изнесува 7408. Од нив, 3562 се во Скопје, а предводи општина Аеродром со рекордни 699 активни случаи. Состојбата изгледа вака:

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се однесува како вчера да дошол во земјава, иако самиот е дел од мрачното минато на лопувлок и предавства

• Чаир – 166
• Гази Баба – 450
• Аеродром – 699
• Карпош – 547
• Центар – 519
• Кисела Вода – 417
• Ѓорче Петров – 286
• Бутел – 152
• Шуто Оризари – 26
• Студеничани – 7
• Сарај – 24
• Арачиново – 10
• Илинден – 63
• Сопиште – 30
• Чучер Сандево – 14
• Петровец –21
• Зелениково – 9
• Странец – 22
• Нераспределен- 100

На ниво на државата, дистрибуцијата на активни случаи изгледа вака:

• Скопје 11473, активни 3562
• Куманово 2124, активни 331
• Дебар 321, активни 57
• Штип 1548, активни 201
• Прилеп 1087, активни 316
• Тетово 1923, активни 408
• Струга 774, активни 78
• Велес 508, активни 151
• Битола 542, активни 182
• Охрид 604, активни 167
• Кавадарци 429, активни 176
• Гостивар 1105, активни 144
• Гевгелија 332, активни 180 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 736, активни 434
• Крива Паланка 204, активни 75
• Радовиш 201, активни 74
• Крушево 22, активни 2
• Кочани 644, активни 212
• Пробиштип 159, активни 29
• Демир Хисар 72, активни 10
• Македонски Брод 100, активни 4
• Пехчево 57, активни 9
• Берово 193, активни 57
• Валандово 92, активни 40
• Виница 163, активни 59
• Делчево 227, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 37, активни 11
• Свети Николе 452, активни 70
• Кичево 481, активни 124
• Ресен 224, активни 55
• Неготино 120, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

- Реклама -