Филипче: Апсолутно не е точно дека пациенти не се примаат во болниците

„Апсолутно не е точно“ дека ковид пациенти со висока температура и симптоми не се примаат во болниците, категоричен е министерот за здравство Венко Филипче.

„Тоа не е вистина. Можно е да има чекање, да се префрлат или да се пренасочат од едно место на друго, меѓутоа не е точно дека некој пациент не бил примен и ние тоа секојдневно го менаџираме врз основа на слободните места, слободните кревети во болниците“, рече министерот одговарајќи на новинарско прашање, наспроти укажувањето на новинарката дека дојави од лекари, пациенти, па и од Брза Помош, зборуваат за вакви случаи.

Министерот остана цврсто на ставот дури и реакцијата на новинарката, која ја доведе во прашање веродостојноста на информациите што стигнуваат до министерот, укажувајќи му дека сите имаме роднини и пријатели и знаеме каква е ситуацијата по болниците.

Прочитајте и:  Владата досега не покажа никаква намера за продолжување на европскиот пат на земјата, смета Филипче

„Во министерството стигнуваат вистинските информации, а тие говорат дека точно е дека пациентите може да почекаат некогаш, да во моментот треба да се ослободи место или веднаш да се упатат во друга институција, но дефинитивно не е точно дека некој пациент не е примен а за тоа имало индикација, односно бил за прием во болничка установа.

- Реклама -