Американскиот рапер Кертис Џексон – Фифти Сент на Инстаграм објави фотографии од себе со чаша алкохолен пијалок и кубанска пура во раката, ја откри својата одлука за Новата година. Според написот, за „Фифти“ тоа ќе значи без секс.
„Мојата нова замисла е прилично голема. Немам време да бидам расеан, вежбам апстиненција. Се надевам дека оваа Нова година ќе ви помогне да напредувате”, напиша тој, означувајќи ги и своите брендови на објавата.
Се претпоставува дека станува збор за реклама поврзана со новите негови деловни потфати, бидејќи „Фифти“ (48) подоцна објавил и неколку слики со шише од својата марка коњак, и натпис – „Секогаш има друго ниво“. Инаку, неодамна се ширеа гласини дека раперот и неговата девојка Џамира Хејнс раскинале, но раперот сѐ уште не одговорил на тие наводи.