ФФМ: Благодарност за навивачката поддршка на македонските фудбалери

Фото: ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изрази денеска голема благодарност за поддршката која репрезентативците ја добија од трибините на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје на дуелот против европскиот првак Италија во квалификациите за ЕУРО2024.

Македонските фудбалери, поддржани од над 28.000 гледачи, одиграа во саботата нерешено 1-1 против Италија, која допатува во Скопје предводена од новиот селектор Лучијано Спалети.

„Од срце упатуваме голема благодарност до сите вас, 28.126 илјади, кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против европскиот првак, Италија. Беше навистина возбудливо да се видат повеќе од 28.000 илјади навивачи кои безусловно ја сакаат и бодрат Македонија. Навистина сме горди на тоа што со вашата поддршка, фудбалерите покажаа одлучност, самодоверба и желба за победа“, соопшти ФФМ.

Македонските фудбалери утре го продолжуваат септемврискиот циклус во квалификациите за ЕУРО2024 со гостување во Малта.

МИА

- Реклама -