Фергусон ќе биде амабасадор на УЕФА

Поранешниот предводник на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон ја прифати понудата на Европската куќа на фудбалот да биде амбасадор на тренерите.

Шкотот, кој важи за еден од најдобрите менаџери на сите времиња, се пензинираше во мај минатата година, откако стигна до 13. титула со Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

 Сер Алекс Фергусон остана на Олд Трафорд како директор, а во иднина тој ќе има функција и во УЕФА.

По денешната средба на извршниот комитет на УЕФА, претседателот на Европската куќа на фудбалот, Мишел Платини соопшти дека Сер Алекс Фергусон ќе биде амбасадор на тренерите и ќе извршува неколку улоги.

„Сер Алекс ќе биде претседател на форумот на елитните тренери кои се сретнуваат секоја година” – рече Платини.

„Тој исто така ќе биде член на техничката група во Лигата на Шампионите и Европското Првенство”.

За инволвираноста во Европската куќа на фудбалот, Ферги рече: „Чест и привилегија е да ја прифатам амбасадорската улога за УЕФА”

Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk

- Реклама -