Поранешниот предводник на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон ја прифати понудата на Европската куќа на фудбалот да биде амбасадор на тренерите.
Сер Алекс Фергусон остана на Олд Трафорд како директор, а во иднина тој ќе има функција и во УЕФА.
По денешната средба на извршниот комитет на УЕФА, претседателот на Европската куќа на фудбалот, Мишел Платини соопшти дека Сер Алекс Фергусон ќе биде амбасадор на тренерите и ќе извршува неколку улоги.
„Сер Алекс ќе биде претседател на форумот на елитните тренери кои се сретнуваат секоја година” – рече Платини.
„Тој исто така ќе биде член на техничката група во Лигата на Шампионите и Европското Првенство”.
За инволвираноста во Европската куќа на фудбалот, Ферги рече: „Чест и привилегија е да ја прифатам амбасадорската улога за УЕФА”
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk