Дали Аватар е технолошко чудо, маркетиншки феномен, ремек-дело, голем камбек или само уште еден холивудски блокбастер? Некои го прогласија за „најдобриот“ и „најголемиот“, додека други за најголемо разочарување. Додека се кршат копјата, еве неколку неоспорни факти и најнови вести за „Аватар“ кои би можеле да ве интересираат сите вас кои сте го погледнале или планирате да го погледнете филмот.
Дали Аватар е технолошко чудо, маркетиншки феномен, ремек-дело, голем камбек или само уште еден холивудски блокбастер? Некои го прогласија за „најдобриот“ и „најголемиот“, додека други за најголемо разочарување. Додека се кршат копјата, еве неколку неоспорни факти и најнови вести за „Аватар“ кои би можеле да ве интересираат сите вас кои сте го погледнале или планирате да го погледнете филмот.
Аватар е филм кој најбрзо во кинематографската историја заработи милијарда долари
Само 17 дена после премиерата „Аватар“ во цел свет успеа да заработи повеќе од милијарда долари и засега е четврт најисплатлив филм во историјата. Пред него се, засега, претходниот филм на Камерон – „Титаник“ со 1.842 милијарди долари, „Господар на прстените“ со 1.119 милијарди и „Пиратите од карибите“ со 1.066 милијарди.
Сцената со аватарски секс на ДВД?
Режисерот во интервју за Inquirer потврди дека сцената со секс помеѓу Нејтири и Џек Сули е снимана, но не е во целост искористена заради ниските цензорски оцени (филмот во Америка е оценет со PG-13 оцена, значи погоден е за сите деца постари од 13 години со родителски надзор). Сцената ќе се најде меѓу специјалните додатоци на ДВД изданието. За сите оние кои се љубопитни, актерката Зое Салдан откри дека при соединувањето на партнерите во Нави племето исто така се користат посебните израстоци на плетенките.
Дали „Аватар“ го подржува пушењето?
Stanton A. Glantz, директорот на Центарот за контрола на пушењето на Универзитетот во Калифорнија тврди дека „Аватар“ испраќа „про-пушачка“ порака заради ликот на научникот Грејс (ја глуми Сигурни Вивер) која во филмот страствено конзумира никотински стапчиња. Режисерот Камерон се огради од нападот со изјавата дека не му била намерата да ја прикаже Грејс како пример кој ќе го следат тинејџерите: „Сакавме да покажеме дека Грејс не се грижи многу за своето човечко тело, туку само за својот аватар, што е негативен коментар за луѓето кои во реалноста минуваат многу време како аватари на Интернет и во различни видео игри.“ Режисерот додава дека “Филмовите би требало да ја имитираат стварноста. Ако е ОК луѓето да лажат, мамат, крадат и убиваат во филмовите наменети на малолетниците, тогаш лажна моралност е да се инсистира на забраната за пушење.“ Сепак тој истакнува дека пушењето е „валкана навика“ која не ја подржува нити тој, нити неговиот филм.
Другата страна на Аватар
Фотографот Jeff Vespa го придружуваше режисерот Камерон и актерката екипа (Sam Worthington, Zoe Saldana и Sigourney Weaver) на нивните патувања во Париз, Берлин, Москва и Лондон, каде го промовираа филмот. Таму настанаа и фотографиите кои ја откриваат често скриената, приватна страна на холивудските ѕвезди. Истите можете да ги погледнете на Life.com.