Фенг Шуи: Брзи начини да се ослободите од негативната енергија во домот

За да владее позитивна енергија во вашиот дом, мора да биде уреден и чист. Но, тоа не значи дека понекогаш не треба истата да ја обновиме.

Треба да се има на ум дека се што се случува во просторот во кој живеете, на ваков или онаков начин се „впива“ во ѕидовите, предметите и мебелот. Така, главната идеја зад „енергетското чистење“ е да се отстрани наталожениот енергетски „крш“, кој е последица на негативните емоции, настани, мисли и стрес. По чистењето, енергијата е одново свежа, се поткрева, се просветлува и може слободно да кружи низ просторот.

Понекогаш, лошата енергија во домот едноставно ја чувствувате. Ако сте исцрпени или тешко ги пронаоѓате предметите во домот, тоа е знак дека е време за освежување, а за тоа постојат доста брзи начини:

 
ПУШТЕТЕ ПОЗИТИВНА МУЗИКА

Според традиционалното кинеско верување, буката може да разбие одредени енергетски шеми. Позитивната духовна музика ја разбива и ја анулира негативната енергија. Таквата музика е добра и за нашиот простор, но и за нашата душа, бидејќи буди позитивни мисли и емоции. Пуштете гласна музика, пејте, играјте и ослободете се од лошите мисли.

 
ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД СТАРИТЕ И НЕПОТРЕБНИ ПРЕДМЕТИ

Постои верување дека старите предмети ја заробуваат застоената енергија, особено ако ги имате многу. Така, некои предмети од минатото можат сеуште да ја чуваат емоцијата што сте ја чувствувале кога сте ги користеле – тага, депресија, бес… Некои предмети можат да кријат и лоши спомени макар и не биле ваши, особено предметите кои му припаѓале на некој друг. Па, ако сакате да се ослободите од негативната енергија, отстранете ги таквите предмети од вашиот дом.

 
ПРЕМЕСТЕТЕ ГО МЕБЕЛОТ

Реорганизацијата на распоредот е добра за вашиот дом и помага во балансирањето на енергијата во просторот. Според правилата на Фенг-Шуи, мебелот мора да биде распореден на начин што овозможува што повеќе простор во кој енергијата би можела слободно да струи. Тоа ќе ги спречи злите духови и негативната енергија од тоа да се судрат со мебелот и да останат заробени во него. Слободниот простор и струењето (како и гласната музика) ќе овозможи брзо растерување на енергијата.

 
МОРСКА СОЛ

Според некои традиционални верувања, морската сол е одлична за чистење на негативните вибрации. Ако чувствувате дека во вашиот дом се насобрала негативна енергија, посипете морска сол по аглите на домот и по дворот околу куќата. Исто така, можете да помешате сол и топла вода и со тоа да ги избришете подовите.

 
„ИСПЕРЕТЕ“ ГО ПРОСТОРОТ

Чистењето со жалфија е вообичаено кај многу индијански народи. Тоа вклучува и палење на растението бидејќи се смета дека чадот е исклучиво корисен при прочистувањето на просторот и истерување на злите духови. Запалете лист од жалфија и одете по куќата за да може чадот да го ослободи просторот од негативната енергија.

 
ИСЧИСТЕТЕ ГО ВЛЕЗОТ ВО ДОМОТ

Важен чекор во освежувањето на енергијата во домот е и чистењето на екстериерот. Чистењето на дворот, балконот или терасата ќе ја отстрани заостанатата нечистотија, а со тоа и негативната енергија што ја содржи. Фрлањето на отпадот во контејнер исто така ќе помогне во елиминирањето на лошата енергија.

 
МОЛИТВА

Според најголемиот дел од традиционалните верувања, молитвата е исклучително корисна пракса за истерување на злите духови и негативната енергија. Медитацијата и изговарањето на позитивни мантри се одлични за да најдете внатрешен мир кој ќе ви помогне да се изборите со „ниските сили“ и да се ослободите од негативноста.

- Реклама -