Екипата на турски Фенербахче успешно ја стартуваше турнејата во САД со победата над Бруклин Нетс со 101:96. За жал, нашиот интернационалец не настапи на оваа средба поради малата повреда.
Јан Весели постигна 18 поени, додека Богдановиќ уфрли 17. Голема е веројатноста Перо АНтиќ да не заигра и на наредниот натпревар каде неговата екипа се среќава со Оклахома Сити Тандер.