Зошто не е добро да бидете пријатели со бившото момче на Фејсбук?

Не само што на Фејсбук може да потрошите многу часови од вашето драгоцено време, некои истражувања покажуваат дека оваа социјална мрежа може лошо да влијае на вашето емоционално здравје.

Дури половина од корисниците на Фејсбук, што денеска се повеќе од пола милијарда луѓе, ризикуваат нарушување на психолошкото здравје ако ја користат социјалната мрежа за „шпионирање“ на своите поранешни партнери. Дури и ако сте приклучени на Фејсбук за повремено да ги погледнете фотографиите од венчавката на вашата братучетка или од бебето на вашата колешка, тешко е да одолеете и да не погледнете што прави бившиот.

Отворајќи го неговиот профил можеби ќе видите како прегрнува некоја друга девојка или, пак, е на вечера кај заеднички пријатели, но и најневините информации може да ги доживеете како нож во срце.

Прочитајте и:  „КОНТРАСТИ“ НА САКУ пред битолската публика

Пред појавата на Твитер, Фејсбук и Инстаграм, девојките требаше темелно да се потрудат да дознаат детали за новиот живот на бившата љубов, барајќи информации од пријателите или излегувајќи на неговите омилени места.

Сега можете континуирано да го следите, да проверувате каде е, што прави и со кого се дружи, а сето тоа во животот без него е тешко, затоа направете си услуга и избришете го вашиот онлајн живот.

- Реклама -