Седмата титула за Федерер ѝ донесе 100.000 фунти на една организација

Роџер Федерер е повторно на врвот на светскиот тенис. Откако ја освои седмата титула на Вимблдон, повторно се искачи на првото место на АТП листата. Но, таа титула значеше и 100.000 фунти за организацијата Oxfam.

Во 2003 година, Николас Њулајв се обложил дека Федерер ќе освои 7 титули на Вимблдон пред 2020 година. Пред три години, Николас починал, а неговиот имот бил наследен од интернационалната добротворна организација Oxfam. Во тој имот спаѓаат и повеќе незавршени облози.

Откако Федерер во финалето го порази Енди Мареј и повторно се искачи на тронот на светскиот тенис, организацијата Oxfam инкасираше 101.840 фунти. Тие и претходно имаат извлечено корист од облозите што биле направени од Њулајв, а поврзани со Федерер. Имено, во 2009 година, кога Федерер го освои 14-от гренд-слем во Ролан Гарос, облогот им донел 16.750 фунти на Oxfam. [Roger Federer Wimbledon triumph wins Oxfam £100,000]

- Реклама -