Еден специјален момент од мечот меѓу Федерер и Бердих во финалето на ATP турнирот во Мадрид во 2012-та.
Пред Бердих да врати со винер, топката тапна двапати во неговото поле (што е поен за Федерер, нели), но тоа судијата не го виде. Па му дојде Роже да му објасни малку наука.
„Не виде дека топката тапна двапати?“, го прашува. „Не изгледаше така одовде“, враќа судијата. „Знам, ама топката дојде кон мене со топспин, што е можно само ако Бердих ја удрил откако тапнала“, гласеше скратено објаснувањето на Федерер. Ако Бердих ја удрел топката пред да падне, таа ќе патува нагоре, и нема да отскокне кон Федерер со толку голема брзина.
Со него се сложија и коментаторите, а и забавената снимка – практично сите освен судијата. Најинтересното е што ова го знаеше и Бердих, ама си тераше ќутенката.
Ако уште не ви е јасно, видеово (од 0:37) ќе ви подобјасни околу топспин малку подобро.