Македонија е изгледа земја на нобеловци. После кандидатурата за Нобелова награда за мир на Зоран Заев и кандидатурата за Нобелова награда за економија на Кочо Анѓушев Македонија има свој фаворит и за Нобелова награда за литаратура.
„После осум години читање на лектири мислам дека сум кадарен да ја добијам оваа награда. И не само лектири и во слободно време читав тендери, договори за вработување имам читано и на интернет работи и мислам дека нема подобар кандидат од мене“ вели Елвис Бајрам.
Професор Елвис Бајрам држи предавање на катедрата по книжевност во Оксфорд, Англија
Оваа недела се очекува мртва трка за тоа кој ќе биде наш кандидат за Нобелова по медицина помеѓу Никола Тодоров и Венко Филиче.